Радио Милева
од стилска дама до рокерка

Модните експерименти на Анета Љумаковска немаат крај: Овој пат како секси бунтовничка со кожа и жартиери (фото)

Модните експерименти на Анета Љумаковска немаат крај: Овој пат како секси бунтовничка со кожа и жартиери (фото)

За познатата фолк пејачка Анета Љумаковска екс Мицевска или најпозната како Анета „Молика“, промените во секој поглед и станаа секојдневие.

Стави крај на бракот, почна да настапува сама, а и со други музичари освен членовите и долгогодишни колеги од „Молика“, ја смени фризурата, а сега така лесно адаптибилна на новото, постојано тежнее кон нов тренди стилски израз.

Анета е позната како жена која ја претпочита и негува модната елеганција, барем досега, но по ново решила да избере имиџ некарактеристичен за нејзиниот моден израз, а кој одлично и прилега.

Тоа го коментираат и нејзните бројни фанови кои велат дека Ането изгледа поубаво од кога било.

Па така, Анета сега умее храбро да избере помладешки комбинации, почна од пократката фризура, па продолжи со спој на рокерски и помладешки комбинации во кои редовно позира за на Инстаграм.

Од нејзините објави досега ја видовме во црна куса рокерка, црни панталони со впечатливи ремени, топ маичка на пруги од која и ѕирка голиот стомак, следеа уште нејколку такви во сличен фазон и комбинации кои периодов се тренди.

Дека е во тој моден филм, покажа и со уште еден сличен избор додуша пожесток, посекси и најбунтовнички досега. Навидум едноставно, но во детали доста провокативно. Стилизирана комплетно во црно, од црна маичка и панталони, кожен мантил и чизми со кожени жартиери како детаљ за ултра впечатлив ефект.


Навикнати да ја гледаме во елегантни дамски комплетчиња, ваквиот избор е освежување и изненадување на кој Анета очигледно лесно се прилагодила така самоуверено да го носи и избере.

Како ви се допаѓа секси Ане?

фото: Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701

Останати вести од Радио Милева