Радио Милева
веќе искусна

Многу наскоро започнува новата сезона на „Преспав“, а еве која позната водителка ќе добие шанса да се покаже како актерка (фото)

Многу наскоро започнува новата сезона на „Преспав“, а еве која позната водителка ќе добие шанса да се покаже како актерка (фото)

Неодамна започнаа снимањето на седмата долго очекувана сезона на најгледаната македонска серија „Преспав“.

Актерската екипа, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Јелена Јованова, Дритон Вејсели, Игор Џамбазов, Адриан Азири, повторно се собра на сет и започнаа со снимања на новите епизоди кои во декември ќе започнат да се емитуваат на МРТВ.

Оваа убава информација наедамна за армијата верни гледачи ја сподели Игор Џамбазов или брат Миле во поткастот кај Лазаров каде кажа:

-Преспав ќе биде хаос. Не знаат што да му прават, а оваа сезона ќе биде ексклузивен ресорт. Ула ќе биде главна, Марио и Тони се во кавга, Исаура е трудна од Талат. Преспав повторно се обидува да стане светски хотел, а не може да се помири со судбината дека е еден обичен пансион, откри Игор.

Ако вели дека ќе биде хаос, значи сигурно треба да се очекуваат урнебесни епизоди кои ќе не насмеат до солзи.

Меѓутоа, освен актуелните актери, во една од епизодите во серијата ќе се појави и една наша македонска водителка, веќе искусна пред камерите на „Преспав“ и тоа по третпат.

Имено, станува збор за Марјана Станојковска, која очигледно им се допадна на режисерите, па решија да и ја задржат улогата на репортерка што ја имаше од претходните сезони.

Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од студиото за време на снимање, облечена во секси црвен фустан, подготвена со сценариото од најави во рацете.


Водителката снимаше и дел од атмосферата и делумно покажа како изгледа пансионот во седмата сезона.
Освен Марјана која ќе се појави третпат во „Преспав“, од претходните сезони можевме да ги видиме со мини улоги и Лила Филиповска, Тамара Тодевска, Сара Мејс и Катарина Ивановска.

Останати вести од Радио Милева