Радио Милева
свадбената ноќ на водителот

Миро Кацаров направи голема свадбена журка во родниот Штип: Естрадни фаци, познати ТВ лица, бројни гости и забава до бесвест… на свадбената веселба на водителот (ВИДЕО)

Миро Кацаров направи голема свадбена журка во родниот Штип: Естрадни фаци, познати ТВ лица, бројни гости и забава до бесвест… на свадбената веселба на водителот (ВИДЕО)

Со црвен тепих, многу познати гости и богата програма, како и еден куп македонски музички ѕвезди од различни жанрови, познатиот македонски ТВ водител Миро Кацаров викендов (17.09.2023) направи голема свадбена забава во еден познат ноќен клуб во неговиот роден Штип.

Неколку недели претходно тој и неговата избраничка Ивана склучија граѓански брак во матично, а исто така се венчаа и заколнаа пред Бога на вечна љубов на црковна церемонија, за потоа да прослават со семејствата и најблиските.

Меѓу поканетите званици на свадбената журка биле некои од најпознатите и најпопуларни македонски лица од eстрадата, модата, медиумите… Пејачи, музичари, актери, политичари, водители, инфлуенсери и многу нивни блиски пријатели.

Свадбената забава ја отворил Слаткар(истика) со неговата „свадбена ода“ – „Кажи да“, на која наместо свадбен валцер или танго, младите во придружба на дел од гостите танцуваа пред бината.

Без Лила Филиповска тешко дека може нешто да помине, па таа исто така така беше меѓу поканетите званици.

Најпознатата македонска ТВ водителка расположена и весела не можеше да одолее да не танцува боса, откако културно ги собула розовите чевлички и се качила на софата од сепарето… Заради подобра прегледност на ситуацијата!

Нејзината екс ТВ колешка и позната инфлуенсерка Миа Костова заедно со нејзиното женско друштво исто толку весела, распеана и расположена…

Наздрави за љубов, наздрави за среќа и бериќет на младите, а Бога ми со високо крената чаша наздрави и за бидермаерот… За кој од  разбирливи причини, не беше меѓу оние што се трудеа да го фатат!

Познатиот ТВ водител и музички забавувач Жаре – Бербер беше дел од гостите кои исто така се фатија за микрофонот да ги забавуваат останатите.

Како и фолк „кралот без круна“ Миле Кузмановски кој беше поканет меѓу гостите – забавувачи на веселбата, а со своите безвременски фолк хитови  дополнително ги крена  расположението и атмосферата до ниво на еуфорија.

Настапија и други познати естрадни уметници како Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Бока Конга… а меѓу гости беа и водителките Елена Најдовски и Ивана Јанковска, како и познатата модна двојка Светлана и Мики Црнокрак… Но и многу други!

Невестата Ивана била променета во свечена светкава минималистичка тоалета со длабоко деколте, висок шлиц и линија која го нагласува телото, додека младоженецот Миро во бело сако и црн елек со бела кошула и црна „пеперушка“ вратоврска.

Свадбената журка на Миро и Ивана  имаше и своевидна хумана нота.

Имено,  младите ги повикаа своите гости наместо да им купуваат букети цвеќе или бонбониери, да остават донација во кутија поставена на влезот на клубот, за собраните средства тие подоцна да ги донираат за дечиња од ранливите категории.

По „лудата и незборавна“ свадбена журка Миро и Ивана се повлекле во својот хотелски апартман каде ги дочекала „цветна постела“ со мирисна моќ, за нивно добредојде на официјално првата брачна ноќ на младите… Или барем нејзината реприза! Останува уште штркот да долета! Нека им е со среќа!

Фото: Инстаграм/lilafilipovska/miandrija/miroslavkacarov

Останати вести од Радио Милева