Радио Милева
семеен пекол

Мина Костиќ го пријавила своето момче за насилство: „Колку била фер, толку тој станувал поагресивен“ (фото)

Мина Костиќ го пријавила своето момче за насилство: „Колку била фер, толку тој станувал поагресивен“ (фото)

Пејачката Мина Костиќ го пријавила поранешното момче Никола, кој е деветнаесет години помлад од неа, за малтретирање.

Таа на 17 јануари во полиција поднела кривична пријава против партнерот со кој била во емотивна врска година и пол, а во просториите на МУП дошла видно вознемирена и потресена, пренесува „Курир.рс“.

Од Второто основно јавно обвинителство за тамошните медиуми потврдиле дека на 17 јануари пејачката Мина Костиќ пријавила малтретирање, но дежурниот обвинител донел решение дека во овој случај нема елементи на кривично дело, па истрагата може да продолжи. Како што дознава споменатиот медиум од сигурен извор, поранешното момче на музичката ѕвезда испраќал навредливи, заканувачки пораки и правел љубоморни сцени, поради што таа морала да реагира и да бара заштита од властите.

„Мина и Никола имаа хармоничен однос некое време. Сепак, таа мина низ пекол во последните месеци. Таа трпеше љубоморни сцени, драма, плачење, викање и врескање. Сепак, капката ја прели чашата и таа минатата недела отишла во полиција и го пријавила. Таа не сакаше да трпи никаков облик на насилство. Тој и праќал непримерни пораки, имало разни ситуации, но таа веќе ништо не можела да трпи. Се обиде на убав начин да му објасни дека најдобро е повеќе да не бидат заедно, но колку таа беше пофер и коректна кон него, толку тој беше поагресивен. Не сакала да трпи и да молчи, па отишла во МУП во Вождовац и поднела пријава“, вели изворот.

Фото: printskrin/instgaram/minakostic_official

 

Останати вести од Радио Милева