Радио Милева
солзи сами капат...

Милица Тодоровиќ среде концерт се расплака на сцената: Напливот на чувства и љубовни емоции си ја зедоа цената (ВИДЕО)

Милица Тодоровиќ среде концерт се расплака на сцената: Напливот на чувства и љубовни емоции си ја зедоа цената (ВИДЕО)

Популарната српска фолк пејачка Милица Тодоровиќ новогодишните празници како и повеќето нејзини колешки ги помина работно.

Некогашната победничка на „Ѕвездите на Гранд“  за новогодишната ноќ настапи во Белград, каде заедно со својата публика ја дочека новата 2024 година.

Ден подоцна, на 1-ви јануари, таа замина во соседството каде пееше во Жмињ, Хрватска.

На овој настап пејачката од само нејзе познати причини се расплака на сцената, додека ја изведуваше песната „Ти мое злато“. Дали емоциите толку ја погодија Милица, па пејачката не можеше да ги задржи солзите, па мораше да ги крие така што и го сврте грбот на публиката, бришејќи си го лицето.

За среќа, фолкерката бргу го надвладеа напливот на чувствата што одненадеж ја обземаа, па успеа да се врати во ритам и колосек, а концертот да продолжи по својот вообичаен тек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @milicatodorovicfanpage.off

Фото и видео: Инстаграм/milicatodorovicfanpage.off

Останати вести од Радио Милева