Радио Милева

Миа Костова одговараше на „Инстаграм прашања“, па кога ја прашаа за приватниот живот и партнерот – еве што одговори

Миа Костова одговараше на „Инстаграм прашања“, па кога ја прашаа за приватниот живот и партнерот – еве што одговори
фото: Инстаграм

Социјалните мрежи се платформи каде што поминуваме најголем дел од времето, а јавните личности ги користат за да ги информираат своите следбеници за нивните активности, планови, идеи.

Кога станува збор за пејачите, тие преку социјалните мрежи најавуваат каде настапуваат, ја промовираат новата песна, објавуваат фотографии од моментални активности и слично.

Меѓутоа, многумина се промовираат како инфлуенсери на „Инстаграм“ каде што рекламираат одредени брендови, производи и слично.

Екс водителката Миа Костова можеби е една од поактивните корисници на социјалните мрежи, па често ги информира фановите за нејзините новитети на социјалните мрежи.

Имено, Миа често знае да споделува и совети за нејзините корисници, да се дружи со нив или да ги известува каде е и што прави.

Меѓутоа, деновиве Костова го искористи слободно време за да се дружи со фановите и одговараше на разни прашања.

„Дали имаш партнер и како се справуваш со несогласувањата?“

„Имам да. Тешка сум знам и сама, ама ако ме научил партнерот, ко што ме научил, најчесто од едно уво му влага од друго му излага. Грозна сум на зборови кои не ги мислам. Пат до успехот, да ме остави да се издувам“ одговори Костова.

фото: принтскрин/инстаграм

Како се справуваш со „bad days“?

„Што знам. Став. Не ми ни приоѓаат“.

фото: принтскрин/инстаграм

Дали ти успеваш да му влезеш под кожа на маж кој не е многу сериозен, ако да како?

„Ух, да. Ако се решам, не ми враќа ништо. Но! Тоа не значи дека некого ќе промениш или ќе ти е ок. Она што ти се гледа сериозно, чудно и недостижно, во принцип со причина е така.Не пробувај“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Што мислиш за врски меѓу две различни вери?

„Никогаш ама никогаш не било проблем. Ниту ќе ми е, ако моето дете реши утре да биде со човек од друга вера. Љубовта не познава вера“, одговори Миа.

фото: принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева