Радио Милева
Лош однос

„Мемоарите ги оддалечија уште повеќе“ : Бритни Спирс на погрешен начини сака да ја обнови врската со синовите (фото) 

„Мемоарите ги оддалечија уште повеќе“ : Бритни Спирс на погрешен начини сака да ја обнови врската со синовите (фото) 

Бритни Спирс неодамна ги објави мемоарите под наслов  „Жена во мене“ и ја разбранува јавноста.

Во својата автобиографија, која беше објавена и како аудиокнига, контроверзната пејачка зборува за многу непознати детали од кариерата, браковите, депресијата, односот со семејството, а една од најкоментираните теми беше нејзиното признание дека абортирала за време на нејзиниот врска со Џастин Тимберлејк.

Тие двајца беа заедно од 1998 до 2002 година и за тоа време Бритни останала бремена, но и двајцата се согласиле дека е прерано да станат родители, па заедничката одлука била Бритни да абортира.

Ова признание имаше многу вознемирувачки ефект врз синовите на поп принцезата, кои ги имаше во вториот брак, со Кевин Федерлајн.

– Абортусот беше една од работите во книгата што најмногу ги вознемири. На нејзините синови им било тешко да го прочитаат бидејќи биле во роднинска врска со нероденото дете – изјавил за „ОК“ извор за реакцијата на синовите.

Инаку, наследниците на пејачката, Шон и Џејден, околу една година живеат на Хаваите кај нивниот татко, кој има целосно старателство над нив. Бритни подоцна призна дека се согласила на тоа како услов да може да ги види, бидејќи нејзиниот татко, Џејми Лин Спирс, имал целосно старателство над неа во тој период.

– Мислат дека книгата е премногу. Ако Бритни сака да ја обнови врската, тие мислат дека таа го прави тоа на погрешен начин.

Поради бројните скандали, како и лошиот однос со нивниот татко, Бритни со години нема комуникација со синовите.

– Момчињата се навистина загрижени за својата мајка. Тие отсекогаш се надеваа дека еден ден ќе имаат врска со неа, но книгата ги оддалечи уште повеќе и тешко е да се види што се случува сега. Многу е тажно – рекол изворот.

Инаку, мемоарите се посветени на Шон и Јајдан, а почнуваат со реченицата: „На момците, кои се љубовта на мојот живот“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Бритни Спирс

Останати вести од Радио Милева