Радио Милева
сексапил со стил

Мелита во еротска долна облека во која многу тоа се наѕира и насетува, одново ги поттикна сите машки сетила на свој начин: „Слатка како шеќер, пикантна како зачин“!(ФОТО)

Мелита во еротска долна облека во која многу тоа се наѕира и насетува, одново ги поттикна сите машки сетила на свој начин: „Слатка како шеќер, пикантна како зачин“!(ФОТО)

Најпознатата македонска трендсетерка и екс ТВ водителка Мелита Ракичевиќ одново ја заскокотка јавноста со  фотосесија, направена во еротска долна облека.

Не дека досега не го споделила својот телесен раскош и не сме ја виделе во разни разголени изданија, но ова што сега го споделила, одново предизвика манија. Особено кај машката популација, која брои голем број следбеници кои убавицата одново ги остави со „паднати вилици“, откако им даде нова Инстаграм шанса да уживаат во нејзината еротска фотосеанса.

Најпрвин во свиленкасто боди со леопардов принт, со длабоко деколте и  минимализам во пределот на меѓуножјето, расната убавица потврди дека се’ уште е класа… Дури и тогаш кога е провокативна, заводлива и шокантна, тоа го прави со стил и останува елегантна.

„Изборот на долна облека за мене отсекогаш бил посебен момент кој создава чувство на женственост. За мене квалитетната долна облека е култура на живеење, стил и ниво“ – напишала Мелита покрај жешките фотографии. Веројатно добро знаеејќи дека она што за неа е култура на живеење, за вистинските мажи е страст, желба и копнеење во кои таа го има приоритетот на избор со кого ќе ги дели моментите на живот: од оние на „љубовно дивеење“ до оние на „културно живеење“!

Она што ги поттикна сите машки сетила се неколкуте фотографии на Мелита во еротска долна облека од бела тантела, во која некогашната водителка  го покажа сиот свој телесен раскош, бујната градба и естетската надградба.

Во мрежести хулахопки, само по провидни гаќички, жартиери и градник од проѕирна тантела во кои многу тоа се наѕира и насетува, Мелита со својот сексапил со стил, покажа колку се’ уште е атрактивна, привлечна и пожелна…недолива!

И додека дамите гледаат и ја анализираат нејзината долна облека, вистинските мажи сонуваат за она што се крие под неа.

Фотографиите колку и да имаат „лоша“ резолуција, Мелита со нив одново предизвика „сексуална револуција“ на свој начин: „Слатка како шеќер, пикантна како зачин“!

Впрочем: „Фора е… не да бидеш забележан. Фора е да бидеш запамтен“ – нели Мели?

Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli

 

Останати вести од Радио Милева