Радио Милева
Кој ќе се обиде нека му ја мисли...

Мелита со „убиствено“ предупредување до додворувачите на ќерка и Барбара: „Биди зет ко мед… or be dead“ (ФОТО)

Мелита со „убиствено“ предупредување до додворувачите на ќерка и Барбара:  „Биди зет ко мед…  or be dead“ (ФОТО)

Македонската екс – ТВ водителка и позната скопска трендсетерка Мелита Ракичевиќ во многу нешта се декларира за елита. Не само заради гламурозниот начин на кој го живее сопствениот живот, туку и заради она како ги доживува нештата.

Конечно во најновата Инстаграм објава седната и опуштена во запенета када со мобилниот в рака, Мелита и самата признава дека гламурот не лежи само во материјалното и луксузот, туку гламурот е и состојба на умот. До душа, ваков, каков што го прикажува, нема  вистински маж кој не би сакал да го сподели со неа.

Но, познато е дека Мелита има  и преубава ќерка. Младата Барбара е вистинска синоока убавица, која тргна и по стапките на својата мајка кога е професијата во прашање, до неодамна појавувајќи се како ТВ водителка на најгледаниот естраден ТВ магазин, „Бекстејџ“. Патем не само убавината од мајката природа, туку Барбара ја покажа и дарбата од Бога дадена за музика, па со свои песни вплови и во естрадно-музичките води.

Спојот на убавина и талент, надополнет со зрелоста со која таа се здоби неодамна со стапувањето во полнолетство, откако наполни 18 години, на младата убавица и овозможува отсега да биде „комплетно свој човек“.

Зашто кога стануваш полнолетен сам одговараш за себе, своето однесување и своите постапки. Но, одговараш ти, ама дали и другите, кои сега те гледаат поинаку, со други очи… Особено машките, на кои неодоливата привлечност на младата убавица лесно може да ги наведе на „забранета“ постапка, па…

Токму тоа ја загрижи мама Мелита, па дали поучена од сопственото искуство или од туѓи примери, реши јавно да се огласи со порака. И тоа со „хард-кор“ предупредување до актуелните и  потенцијалните додворувачи на ќерка и’ Барбара.

А пораката нималку нежна и пријатна, наменета за оние кои откако ќе ја прочитаат, веројатно ниту случајно нема ни на крај на ум да им падне да се однесуваат „непријатно“ кон нејзината ќерка-единица!

Имено, Мелита која неодамна дури и го исетовира името на својата Барбара на видливо место на себе, онака легната во запенетата када, додека тргна да се опушта на мобилниот го сподели „убиственото“ предупредување:

„Да, имам убава ќерка… Ама исто така имам и пиштол, лопата и добро алиби… Бум!“ –  споделила Мелита во испратената порака до сите љубовни аспиранти на нејзината ќерка Барбара.

Па, сега ти види?! Кој ќе проба да се обиде, нека му ја мисли… Или  биди добар со неа или не приоѓај… Или што би рекле: „Биди зет ко мед… or be dead“!!!

Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli/barbara_rakicevic

 

Останати вести од Радио Милева