Радио Милева
каде ќерката, таму и мајката

Мелита пропеа и тоа во дует… еве и со кого?! (ВИДЕО)

Мелита пропеа и тоа во дует… еве и со кого?! (ВИДЕО)

Откако по повеќе од три години медиумска илегала, Мелита Ракичевиќ во интервју за најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста искрено ја „отвори душата“ и прозборе за приватниот живот и се што и се случуваше, еве уште една работа со која некогашната атрактивна ТВ водителка ја изненади јавноста.

До душа, оние кои внимателно го проследија нејзиното последно интервју за споменатиот ТВ магазин, а и оние наши читатели кои го прочитаа текстот со нејзините изјави неколку дена подоцна на нашиот портал, можеа да забележат како нејзината ќерка, 14 годишната Барбара за прв пат јавно го демонстрираше својот скриен талент – ангелскиот глас за пеење.

А каде ќерката, таму и мајката… Кога Барбара е весела и распеана, зошто мама Мели не би можела да и прави друштво. Па така, обете запејаа… И тоа не една по една, туку во дует. И тоа македонска песна.

„Твоето писмо, моја библија“ која ја пееше Андријана Јаневска во дамнешните дведесетти кога Барбара не била уште ниту родена, а мама Мелита била многу млада. Родителска поддршка или поточно, мајчинско-ќеркински дует од соништата. Ао не друго, заради тоа што токму од сон разбудени, тазе станати двете дами песната ја испејаа од постела.

До душа, можеби изведбата е на плеј-бек, ама затоа е проследена со врвно актерство, атрактивен настап, кореографија и пред се’, многу, многу љубов.

Како сето тоа изгледа, погледнете  со кликнување ТУКА. 

Останати вести од Радио Милева