Радио Милева
хаос во машката фантазија

Мартија ја прошета својата голотија: На пејачката појавата по долна облека и стана редовна навика (фото)

Мартија ја прошета својата голотија: На пејачката појавата по долна облека и стана редовна навика (фото)

За некои личности, особено оние кои слепо ги следат модните трендови, нема правила за возраста. Оттука, секој еден без оглед на годините можеме да го видиме во некое актуелно парче облека, независно дали му прилега или не.

За пејачките, голотијата како дел од визуелниот печат на сцена важи од поодамна, така што ретко која, особено од помладите, не покажала гол стомак, гради на мегдан, ултра високи шлицови…  А се’ тоа како сосема нормален и незаобиколен дел од шоубизнисот. Исклучоци секогаш има, но веќе се ретки и се бројат на прсти тие кои се базираат на скромноста на сцена.

Помладите пејачки, особено оние во подем кои допрва треба да се истакнуваат, сакаат да бидат бидат видени, забележни, коментирани… Модерни времиња, модерни и храбри избори. Пинк ѕвездичката која брзо порасна, Мартија Станојковиќ преферира се почесто да покажува гола кожа, периодов овој тренд особено и се допаѓа, па не само за на сцена, туку и во редовна пракса и стана дел од секојдневието во модниот израз.

Во стајлинзите на Мартија долната облека секако е неизоставен дел, само разликата од примената на истата е тоа што кај неа секогаш и секаде треба да биде видилива. Од сензуална и секси тантела, до спортски градници и корсети, Мартија смело ги комбинира и преферира да доминира.

Ваквите изгледи не поминуваат без да бидат овековечени со фотографија за нејзините профили на социјалните мрежи, каде пак следбениците не остануваат рамнодушни.

Оние од посилниот пол ги редат своите забелешки во однос на нејзиниот сексапил, а знаат да ја опишат и фантазијата која редовно им е направена хаос од приложеното.

Мартија не се штеди бомбастично да ја презентира својата женственост и провокација, а очигледно умее да ја истакне вешто, токму онолку да биде во фокус и да остави свој секси моден печат.

фото: Instagram printscreen/ martijastanojkovic

Останати вести од Радио Милева