Радио Милева
рикверц ефект...

Марјана Станојковска покажа како и изгледа елката… одзади! (ФОТО)

Марјана Станојковска покажа како и изгледа елката… одзади! (ФОТО)

Пред Нова Година сите сакаат да имаат убаво накитена елка… и децата и возрасните и обичните граѓани и познатите лица. И речиси сите сакаат да имаат серија фотографии за спомен од пред елката…

Меѓу сите ѕвезди и таа се пофали со елка… Иако не нејзина, Марјана Станојковска сепак се сликаш пред елката. Овој пат ниту како секси Баба Мразица, ниту раголена, напротив… Убаво стокмена, закопчана до грло! така решила, така сакала и така сторила… Кај еден од нејзините спонзори со неколку фотографии, како и сите,  од пред елката… Ама, нашата „лото лејди“ не како сите, па покажа нешто што сите други не го покажуваат.

Ретка фотографија на која Марјана покажа како и изгледа елката одзади! Е, сега, некој ќе рече како тоа, па елката нема ниту грб, ниту га*е… Можеби елката нема, ама затоа Марјана има… и тоа за пет плус! Затоа и се сликаше одзади… пред елката!

Веројатно за да покаже и докаже две нешта: Дека и закопчана до грло, штом ја погледнете ви застанува кнедла в грло… А и дека посетите кај спонзорот, имале свој ефект!

Останати вести од Радио Милева