Радио Милева
скандал

Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот настап, публиката фрлаше петарди на сцената

Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот настап, публиката фрлаше петарди на сцената

Новогодишниот концерт на Марија Шерифовиќ во Зеница заврши со инцидент.

Имено, популарната пејачка која неодамна доби син го прекина својот настап бидејќи публиката фрлаше петарди по неа на сцената, па токму поради тоа пејачката го заврши концертот 15 минути порано.

За време на настапот, јавуваат медиумите, таа неколку пати ја предупредила групата во публиката да не фрлаат петарди. Потоа, Марија им се обрати на сите.

Драги, добри луѓе, поради кретени, ќе ставиме крај на оваа ситуација 15 минути порано. Сигурна сум дека некој кој е блиску до таа личност знае која е, па најдете ја и е*ете и матер подоцна, добро? – рече пејачката и сепак им се заблагодари на присутните.

– Тоа сега е помалку важно. Беше чест и задоволство да пеам за вас час и 45 минути. Оваа ситуација не ми се случила долго време. Ќе се преправам дека не се случило. Сигурна сум дека и вие не сте многу горди на тоа, но да го оставиме на страна – заклучи Шерифовиќ, пренесува Дневни аваз.

Фото: Printskrin/Instgaram/serifovic/јутјуб

Останати вести од Радио Милева