Радио Милева
Цеца наместо Јеца

Марија Груевска за промената во жирито на „Ѕвездите на Гранд“: „Тоа е голема грешка, без Карлеуша шоуто не е исто“ (фото)

Марија Груевска за промената во жирито на „Ѕвездите на Гранд“: „Тоа е голема грешка, без Карлеуша шоуто не е исто“ (фото)

Марија Груевска публиката ја запозна преку нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Младата битолчанка со своите различни, оригинални, стајлинзи остави впечаток во музичкото натпреварување.

Марија гостуваше во „Лазаров шоу“ каде што одговараше на разни прашањa, па проговори за нејзиното учество во музичкото шоу, со кого не би снимила дует, што подготвува и што мисли за промената во жирито.

Зошто македонската публика те примети кога се појави на српското талент шоу?

-Во Македонија немав доволно места каде да се експонирам и да го покажам својот талент. По „Ѕвездите на Гранд“ и на огромната сцена покажав што можам и што се можат македонските уметници да направат.

Груевска проговори и за нејзиниот 9 годишен договор со Гранд. Имено, македонската учесничка Благица Ѕунзуровска учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ и испадна, а кога продукцијата побарала да се врати таа не прифатила поради договорот. Таа истакна доколку кандидатот го прифати и го потпише останува во натпреварувањето, доколку не го прифати испаѓа од музичкото шоу.

 

-Договорите на оние кои биле претходно и нашите се различни. Договорот нас не обврзува на работа, тие не не обврзуваат да правиме нешто тие што сакаат туку нешто што ние сакаме. Ние сакаме да работиме, да се експонираме, да имаме платен маркетинг. Јас немам лошо мислење за тој договор, изјави Груевска.

Груевска учествуваше во Макфест и не постигна голем успех.

-Мислам дека местото каде се промовирав не е доволно промовирано, изјави Груевска по овој повод.

На прашањето со кој од македонската естрада не би снимила дует, Марија вели:

-Секој кој би ми понудил проект би прифатила доколку ми понуди добра песна. Со Стоја не би снимила, но таа не е македонска естрада.

Марија имаше задача да одбере кој од македонските кандидати Огнен Здравкоски,Филип Пецовски и Марио Арангелов бил најлош претставник во музичкото шоу, таа не можеше да се одлучи, па мораше да проба луто пиперче.

Инаку, оваа сезона дојде до промена во жирито на „Ѕвездите на Гранд“. Имено, наместо Јелена Карлеуша во жирито дојде Цеца Ражнатовиќ.

Груевска ја прокоментира оваа одлука на продукцијата.

-Мислам дека без Карлеуша шоуто не е исто. Мислам дека тоа им е многу погрешна одлука“, изјави Груевска.

Целото интервју погледнете го во видеото подолу.

фото: Принтскрин/јутуб/инстаграм/марија груевска

Останати вести од Радио Милева