Радио Милева
горда, среќна и насмеана...

Мама Елена ја покажа тукушторедената принцеза: Македонската „Гранд ѕвезда“ со први фотографии од породилиштето (ФОТО)

Мама Елена ја покажа  тукушторедената принцеза: Македонската „Гранд ѕвезда“ со први фотографии од породилиштето (ФОТО)

Македонската „Гранд ѕвезда“, пејачката Елена Миленковска  и нејзината  посилна половина, животен сопстник и колега од “Ѕвездите на гранд“, Гуте Маринковиќ  пред неколку дена, поточно, на 14 септември 2022 год.  станаа родители по втор пат.

Елена се породи и на свет овој пат  здраво и право девојче.

Малиот Максим доби сестричка, а малечката принцеза уште пред да дојде на овој свет се знеше дека ќе го носи името Миона, кое за неа го одбраа нејзините родители.

„Ни се роди дада Мионааааа!“ – прв споделил тато Гуте возејќи се во автомобилот заедно со малиот Максим, веројатно враќајќи се од породилиштето каде биле да ја видат гордата мајка и малата тукушто родена принцеза. Ден-два подоцна, среќниот татко одново  од зад воланот на автомобилот во иста поза призна дека сега има нова најсакана девојка на светот…

„Елена, извини“ – се пошегувал Гуте, асоцирајќи дека приритет во изразување на љубовта сега му е малата Миона!

А кога сме веќе кај породилиштето, Елена за прв пат по породувањето на својот Инстаграм објави неколку фотографии од себе си и малечката убавица. разбирливо од многу причини, лиценцето на малечката се’ уште е рано јавно да се покажува, но доволно е да се види дека жива и здрава, а гордата мајка среќна, насмеана и весела.

Изразот на лицето на пејачката, како и блесокот во очите откриваат колкава е мајчинската љубов кон тукуштороденото чедо. иако не и е прв пат, Елена сепак не може да одолее да и се изнагледа и изнарадува на нејзината мала Миона.

Патем, таа покрај фотографиите споделила и изрази на благодарност… Најпрвин кон Бога, што повторно им подарил, како што вели Елена, толку среќа и љубов!

Потоа им се заблагодари на сите што најдоа можност, време и начин да им честитаат, па на благодарноста за прекрасните честитки, Елена им возвраи со испраќање полно прегратки од неа и малата Миона од ородолиштето, пред да си дојдат дома.

А дома, се’ е комплетно подготвено за пречек на малечката убавица. Од нејзиното легло и постела, до сите останати бебешки потребштини, реквизити, облека…

Секако, тука е и неизбежната помош, која е неопходна во првите денови. А кој друг ако не госпоѓа – мама Слаѓана, мајката на Елена која уште непосредно пред породувањето на ќерката допатува од Скопје во Белград!

Па не попусто се вели една е мајка? Та била мајка на новороденче или мајка на неговата мајка, односно среќна и горда баба!

 

Останати вести од Радио Милева