Радио Милева
прошетка по спомените

„Мама е зад фотоапаратот…“ – Игор Џамбазов сподели семејни спомени од летен одмор (фото)

„Мама е зад фотоапаратот…“ – Игор Џамбазов сподели семејни спомени од летен одмор (фото)

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов го отвори албумот со стари фотографии и реши еден спомен да сподели со своите многубројни следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Не е прв пат тој да покаже некоја историска фотографија од неговиот живот богат со сеќавања од некогаш и негде.

На неговите фанови тоа исклучително им се допаѓа бидејќи нивните реакции и коментари веднаш се нижат, а воедно како со временска машина ги враќа и ги потсетува на тоа што било, бидејќи им буди емоции за тоа време.

Овој пат Игор не сподели ништо поврзано со неговата кариера, туку додека деновиве престојуваше во Охрид  се потсети на еден интимен момент со неговото семејство од еден убав летен одмор во македонскиот езерски бисер.

– Градиште, илјада деветстотини седумдесет и некоја, со тато и дада.
Мама е зад фотоапаратот… – напиша Игор во описот на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

На фотографијата тој и неговата сестра Тања се мали, а неговиот татко многу млад, мајка му ја нема бидејќи како што објасни Џамбазов таа е главиниот „виновник“ на ова убаво фото дело.

Неговите колешки и добри пријателки поп дивата Калиопи и актерката Весна Бејби Петрушевска први му оставија црвени срциња, а допаѓањата за неговата најнова објава уште веднаш започнаа…

Минатата година Игор го изгуби родителот , својот татко, маестро Александар Џамбазов, а мајка му, познатата театарска и филмска глумица Анче Џамбазова уште во 1997 година.

Но, сеќавањата затоа се тука, за да не потсетат  токму на тие убави времиња кои некогаш сме ги доживеале.

 

Фото: Printskrin/Instagram/igordzambazov

Останати вести од Радио Милева