Радио Милева
Скопјанката подобра од прилепчанката

Македонскот дуел предизвика раздор во „Ѕвездите на Гранд“: Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ го ставија жирито на тешки маки (видео)

Македонскот дуел предизвика раздор во „Ѕвездите на Гранд“: Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ го ставија жирито на тешки маки (видео)

На жирито од „Ѕвездите на Гранд“ им е добропознато дека кога на сцената ќе застанат напретварувачи од Македнија, тогаш важи правилото дека никој нема да остане рамнодушен. За познатите судии важи тоа дека Македонците се најталентираната нација за пеење и дека кај нас „нема“ некој што не е од Бога надарен за пеење.

Во најновата емисија на популарното шоу во дуел се најдоа две Македонки, скопјанката Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ од прилепско Лажани.

Овој спој очекувано не беше нималку лесен за оценка, особено затоа што Андријана е веќе проверено импресивен кандидат од претходната сезона кога беше во финале, а помладата Мелиса исто така одлична надежна ѕвезда која допрва ќе се истакнува.

Одлука за тоа која е подобра, сепак мораше да има. Претходното претставување, Петрушовска заврши во бараж, што беше апсурд со оглед на тоа дека минатата сезона била финалист, а сега се тоа поради изборот на песните со кои се претстави.

Овој пат нештата завршија поинаку, а Андријана се пласираше директно во следникот круг со освоени пет гласа, додека Мелиса иако минатиот пат беше една од најпофалените, сега заврши во бараж со три гласа.

Жирито со поделени и различни мислења. Марија Шерифовиќ предложи на Ѓорѓе Давид да му се одземе правото на глас бидејќи секогаш е наклонет на Македонците.

-На Ѓорѓе одземете му го правото, не мора да гласа во оваа емисија, предложи таа.

Шерифовиќ сметаше и дека Вики не мора да коментира, но таа не остана без збор и оценка за двете.

-Петрушовска, многу добро изгледаш, модерна си, добро пееш, а ова дете освен што е слатка, пее како ангел, кажа Вики.

Беше тензично и напнато се’ до самиот крај, бидејќи ова беше важен круг кога шоуто преминува во друга фаза. Имено, секој од учесниците кои поминаа во бараж, меѓу кои и Мелиса, мораа да добијат свој ментор, а исто и останатите.

Па така, ментор на Андријана од следните емисии ќе биде Александар Милиќ- Мили, додека Цеца Ражнатовиќ ќа и помага и ќе ја подучува Мелиса Зијадиќ.

Како изгледаше ова погледнете од целосната емисија во продолжение на 2:03

фото: Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska/ melisazijadic/ You Tube
видео: Zvezde Granda

Останати вести од Радио Милева