Радио Милева
жешка поза

Македонската фолкерка ужива разголена на егзотична дестинација: Елена Јовческа предизвика „земјотрес“ откако се соблече топлес… на море во Египет (ФОТО)

Македонската фолкерка ужива разголена на егзотична дестинација: Елена Јовческа предизвика „земјотрес“ откако се соблече топлес… на море во Египет (ФОТО)

Македонската фолкерка Елена Јовческа е една од оние пејачки која покрај пеењето е и умешен инструменталист и тоа на еден традиционален македонски инструмент, необичен за да го свири жена – гајдата, по која  стана препознатлива и надалеку прочуена.

Патем, за разлика од повеќето други нејзини колешки, Елена  навреме ги завршила студиите на Економскиот факултет во Прилеп, што ќе и овозможи побргу и подобро да се снајде во промената на професијата, која и беше само привремена, односно на „одредено време“ за време на корона пандемијата, кога се застана па и естрадната професија.

Откако животот се врати во нормала, Елена одново е онаа старата, која не може „глава да крене“ од тезги, настапи и турнеји… Како дома, така и надвор, во дијаспората.

Сепак, колку и да е презафатена, познатата фолк-пејачка наоѓа малку време за оддишка на душата, за сопстен одмор и релаксација, полнење на батериите и репарирање на ќелиите.

Елена можеби не е со манекански пропорции, ама сепак видно ослабена својата фигура ја довела во сосема солидна форма, па рамната снага во костими за капење најпрвин ја покажа за време на викенд  престојот во македонскиот бисер – Охрид. На „кајче без платно“  кое денес се нарекува глисер, во различни бикини комбинации фолкерката покажа колку е згодна „риба“.

Но тоа како да не ја задоволи нејзината потреба за апсорбирање на летни убавини, па Елена од својата летна тура реши да си приушти уште една авантура. Овој пат на многу поегзотична дестинација како што е древниот Египет и неговото песочно крајбрежје.

Атрактивната пејачка оттаму разбирливо споделува спомени со фотки во различни бикини, кои Елена повеќе ги преферира отколку едноделните костими… за капење!

Со собрана коса исплетена во плетенки, Елена го споделила сиот свој телесен раскош…

Во мини фустанче под палмите, на клунот од бродот или испружена во плетена лулашка  во плиткото…

Секогаш во преден план атрибутите „за машала“ кај  русокосата фолкерка, од кои доминираат бујните природни гради „кинг – сајз“ мерка!

Сепак со една од последните фотографии која расната „фолк гајдаџика“  ги објави, Елена машката популација речиси без здив ја остави… Како и не би, кога на споделната „црно-бела егзотика“  фолкерката зрачи со неодолива еротика. Со склопени очи и крената глава кон сонцето, влезена во вода до под раменици, Елена Јовческа – топлес, додека површината на мирното море ги крие нејзините бујни гради, покривајќи ги до брадавици.


Жешка поза која предизвика стотици коментари, желби, копнежи и воздишки, со кој Елена ја заскокотка јавноста… И секако мечтите и бујната фантазија на машката популација, која многу извесно дека после ова ќе биде уште побројна меѓу нејзната публика и следбеници на социјалните мрежи!

Фото: Инстаграм/jovceskaelena

Останати вести од Радио Милева