Радио Милева

Магионичарот Гого – „Реквием“ со илузија го „воскресна“ ликот на Тоше Проески (ВИДЕО)

Магионичарот Гого – „Реквием“ со илузија го „воскресна“ ликот на Тоше Проески (ВИДЕО)

Нашиот најреномиран илузионист, Георги Гавровски многу попознат како  Гого – „Реквием“ и понатаму продолжува да ја изненадува и возбудува публиката со неговите магионичарски трикови и илузии.

Имено, македонскиот илузионист кој живее на релација Македонија – САД,  беше гостин во најгледниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, каде што со неколку свои трикови  ги воодушеви гледачите, оставајќи ги во прашалници, како е тоа можно?.


Во мојата магија јас не користам животни и реквизити, па затоа можам да создадам трик од што и да е. Најважно во овој вид магија е импровизацијата. Се’ друго лежи во твојата презентација“ – вели  волшебникот од „наше маало“, Гого.

Така од хартија по пат на магија, Гого направи да се појави ликот на нашата легенда, нашиот ангел Тоше Проески.

Како Гого по пат на илузија успеа да го „воскресне“ ликот на Тоше на парче хартија, погледнете во продолжение:

Останати вести од Радио Милева