Радио Милева
Хормони...

Мачнини, тешка дремка и паника во пет наутро, а сега Антониа има нова трудничка мака: „Кажувајте решение, брзо!“ (фото)

Мачнини, тешка дремка и паника во пет наутро, а сега Антониа има нова трудничка мака: „Кажувајте решение, брзо!“ (фото)

Младата пејачка Антониа Гиговска е на средината од бременоста. Дека тоа е така откри на својот Инстаграм со објавата дека правела фетален ехо-стрининг на бебето, преглед кој се врши во петтиот месец од бременоста.

Ако се водиме по ова, Антониа Гиговска би требало да се породи околу месец јули.

Бидејќи прави пауза од настепите и е целосно посветена на себе во деновите од бременоста, пејачката е се’ поактивна на социјалните мрежи каде ги споделува своите труднички искуства.

Ако на почетокот од бременоста имаше проблем од утринските мачнини и одредена храна, потоа се појавија тешки дремки во необично време и место, ограчичувањето за спа- цернтри кои и недостигаат и слично.

Во една од своите понови објави откри и дека има прашања до докторот во пет часот наутро, веројатно од панични моменти со прашалници кои ги има секоја трудница.

-Ви благодарам на се’ досега, само јас ѕвонам во пет наутро, се надевам не сум досадна трудница, му се обрати Антониа на лекарот кој ја следи нејзината бременост, а е толерантен и за ваквите најзини неочекувани повици.

Сега се појави нов проблем, а тоа се акните кои вели дека никогаш порано ги немала со таков интензитет.

Го снимаше своето иритирано чело, разбирливо поради хормоналните промени во нејзиното тело, па побара брзо решение од поискусните.

Бидејќи е трудница за првпат, веројатно се’ и е оправдано, а оние жени кои веќе го поминале ова, веројатно им е јасно каков период живее идната мама чии предизвици допрва доаѓаат.

фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска

Останати вести од Радио Милева