Радио Милева
нов имиџ

Лина Пејовска направи мала, но впечатлива промена – како ви се допаѓа во вакво издание? (фото)

Лина Пејовска направи мала, но впечатлива промена – како ви се допаѓа во вакво издание? (фото)

Македонската пејачка Лина Пејовска со својот музички талент ја освои публиката во регионалните музички шоуа, а ја имаше таа чест сцената да ја дели со Нина Бадриќ, Петар Грашо….

Од девојче порасна во прекрасна, млада девојка која покрај своите вокални способности плени и со својата убавина. Со сигурност може да се вброи на листата на успешни млади пејачки.

Пејовска е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии и ги известува нејзините следбеници, за нејзините активности, новитети, промени, ангажмани….

Така неодамна, пејачката направи промена односно ја надогради својата коса, а со својот нов изглед се пофали на социјалните мрежи.

По надоградбата, Пејовска сега направи уште една, мала, но впечатлива промена. Имено, таа направи шишки.

Со новиот изглед се пофали на „Инстаграм стори“, ќе се согласите дека пејачката изгледа убаво и со новиот имиџ.

Инаку, Пејовска неодамна без комплекси објави фотографија на која нема ни грам шминка и покажа како изгледа во природно издание.

Како  ви се допаѓа новата Лина?

фото: Инстаграм/лина пејовска

Останати вести од Радио Милева