Радио Милева
во трка со животот

Лидерот на „Меморија“, Перо – „Камиказа“ заврши во болница: Маратонецот за малку ќе завршеше фатално (ФОТО)

Лидерот на „Меморија“, Перо – „Камиказа“ заврши во болница: Маратонецот за малку ќе завршеше фатално (ФОТО)

Петар Георгиевски или популарниот Перо – „Камиказа“ како што сите го познаваат, покрај тоа што е познат како актер и лидер на една од најголемите македонски рок групи „Меморија“, последниве години е целосно посветен на спортскиот живот.

Трчењето на долги стази или поточно маратоните се неговата спортска страст и пасија. И не само рекреативно, туку полупрофесионално и професионално годиниве наназад Перо ги трчаше најголемите и најпознатите светски маратонски трки кои се одржуваат низ улиците на светските метрополи и мегалополиси.

Токму затоа сите, а најмногу и самиот тој беа убедени дека им пркоси на годините со својот атлетски дух и спортски начин на живот… Но по се’ изгледа не било баш така. Прекарот „Камиказа“ за малку ќе му дојдеше до глава, како што велат зашто по се изгледа дека секое задоволство има своја одредена возраст, рок  на траење, доза на парактикување… Па ако претераш и покрај тоа што мислиш дека можеш, „годината на производство“ го прави своето и…

И така Перо „Камиказа“ трчањето – спортот на кој толку е горд за малку ќе го чинеше живот. Заради одредени здравствени компликации, дали како последица на „претерувањето“ или како нуспојава на оваа спортска дисциплина „маратонецот“, не дај Боже,  за малку ќе го трчаше последниот круг… Петар Георгиевски заврши в болница –  17 дена на интензивна нега со дијагноза која воопшто не е наивна… За среќа… Имало век – имало и лек… И к’смет за „Камиказа“!

Еве ја неговата животна приказна која собра храброст да ја сподели на социјаните мрежи деновиве. Денес, фала му на Бога,  жив и здрав, во фаза на рековалесценција…  За трчањето во иднина одлучуваат лекарите, за она другото… Господ Бог!

„20 ноември бев згрижен на клиниката за кардиологија со дијагноза пулмонална емболија со тромбофлебит во левата нога… Ден на светецот Архагел Михаил кој зема души…Но, ете јас сум имал к’смет и денес сакам накратко да споделам неколку мисли со вас. За оваа болест првпат чув и бев помалку збунет, но читајки по Интернет видов и дека доста спортисти го поделиле истото искуство… 17 дена поминав во кревет без никакво движење, токму на овој кревет што го гледате… Нешто најтешко за мене во изминатиов период од животот… Но помина… И не е се’ готово… Сега треба мирување домашно од месец дена и потоа како резултатите ќе кажуваат враќање со минмален физички напор во наредните три месеци… Значи ништо не е готово додека не е готово!!! Или како ќе кажат наодите…

Го пишувам ова со особен нагласок за тркачите. Да трчате и да го правите она што го сакате додека можете, бидејки тоа може да ви го спаси животот, без разлика што носи утре… Јакото срце мене ми го спаси животот,благодарение токму на трчањето но можеби и од претеран напор, па го добив ова… Кој ке го знае!? За скептиците кој викаа”претеруваш” можам со мирно срце и душа да им кажам… Се науживав од тоа што го правев, па и ако дошло времето барем среќен и исполнет ќе тргнам на најдолгиот пат… Еве ме со брада непосредно по првото станување од болничкиот кревет… И да, она со мускулите и ретроспективата беше да ги амортизирам гласините… Додека соберам храброст да го споделам ова животно искуство со вас… Да сте живи и здрави и да уживате во секој нов ден… Ве сакам сите…“ – напишал Перо споделувајќи ги првите фотографии по излегувањето од болница.

Само нека е со помин и… добро здравје и долг живот!

Останати вести од Радио Милева