Радио Милева
ќерка на мајка думаше...

Летна слика во јануари: Лина Пејовска со емотивна порака и две фотографии јавно и го честиташе роденденот на нејзината мајка (фото)

Летна слика во јануари: Лина Пејовска со емотивна порака и две фотографии јавно и го честиташе роденденот на нејзината мајка (фото)

Кај младата пејачка Лина Пејовска денес е особено весело поради  убавиот повод.

Лина за да го покаже тоа одбра две стари фотографии од плажа што летоска ги објави на своите профили на социјалните мрежи, со цел да го долови она што имаше сега да го сподели со сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lina (@pejovskalina)

;

Сега само им  додаде и една искрена емотивна посвета упатена кон нејзината мајка Тереза Пејовска и јавно и го честиташе роденденот.

„За мене и за Кика најдобра, највредна и најпосветена мама. Само да си жива и здрава, се друго само ќе дојде. Среќен роденден, те сакам“ – напиша Лина.

А на втората фотографија со летен шмек таа додаде многу срциња и едноставно напиша „мама“, збор кој сам по себе кажува многу.

Инаку, Лина изминатиот период е доста актуелна кај помладата публика во земјава и регионот со дуетската „Неваљала“ која ја сними со траперот Таско и  песна која веќе има мноштво прегледи.

Но, во последно време нејзините следбеници  најмногу  беа заинтересирани за најновите фотографии кои таа ги постираше на Инстаграм создадени од  Мартин Трајановски, каде со голите слободни гради во секси сталинг разголена до половина  ја испрати старата година.

Фото: Printskrin/Instgaram/pejovskalina

Останати вести од Радио Милева