Радио Милева
им стави крај на шпекулациите

Лена Чолак проговори за врската со синот на Брена: Еве дали пејачката и Виктор се во врска

Лена Чолак проговори за врската со синот на Брена: Еве дали пејачката и Виктор се во врска

Во јавноста веќе извесно време се шпекулира дека пејачката Лена Чолак е во врска со синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ.

Меѓутоа, младата Звезда на Гранд сега решила да открие дали тие двајца се заедно, како и во каква состојба е нејзиниот љубовен живот.

Ниту таа ниту Виктор никогаш јавно не зборувале на оваа тема, затоа пејачката решила да стави крај на сите шпекулации, а го открила и својот емотивен статус.

– Не сум заљубена и жал ми е што не сум, но кога ќе погледнам од другата страна, подобро ми е, вака сум посмирена. Можеби немам среќа во љубовта, па подобро да го работам она во што имам среќа, а тоа е работата – изјави таа за Гранд. Пејачката признава дека љубовните врски денес се многу променети и дека се станало површно и минливо.

-Денес се е променето, мислам дека љубовта е надмината, но не е, тоа е најважно. Тогаш не вреди да се инвестира време и енергија во нешто што денес не вреди за цената и вредноста. Луѓето се доста површни денес, сите гледаат дали нешто не е во ред, веднаш ќе го заменам, најди друг. Сите треба да застанеме и да размислиме што се случува – заклучила таа.

фото: printskrin/instgaram/viktorernest/lenacolak

 

Останати вести од Радио Милева