Радио Милева
по своја желба или туѓа волја?

Лазаров откри чие презиме ќе носи неговата идна сопруга: Марта јавно призна како ќе се презива, ама дали доброволно или „под принуда“? (ФОТО)

Лазаров откри чие презиме ќе носи неговата идна сопруга:  Марта јавно призна како ќе се презива, ама дали доброволно или „под принуда“? (ФОТО)

Дека на Стефан Лазаров и неговата свршеница Марта им се бројат на прсти деновите кога ќе го кажат судбоносното ДА и сето  тоа ќе се прослави со голема свадбена веселба  – сите знаат! Но, оноа на што во еден од нашите написи и ние потсетивме, а на Лазаров како да се чинеше дека до крај не му е јасно, е фактот што познатиот јутубер ситно брои до свадбата, ама затоа беше во крупни прашалници, зашто се’ уште не знаеше, дали Марта ќе го земе неговот презиме? Не барем до вчера, вторник, 28-ми јуни 2023-та… Или барем тоа само така изгледаше, па за да ги отстрани сите дилеми, недоумици и шпекулации, Лазаров решил да ја земе работат во свои раце.

Јавно прозван, реши јавно и да ја натера својата идна сопруга, јавно и да каже , односно произнесе, чие презиме ќе носи по венчавката? Споделувајќи го написот од Вистина.ком.мк,  јутјуберот јавно ја прозва својата свршеница да се изјасни во една реченица порачувајќи и:

„Марта, ајде да одговориш јавно“ – па сето тоа го сподели на своите Инстаграм приказни! Со тоа што во продолжение најдолу со ситни букви како во оние договоритте за кредит во банка или за мобилна телефонија, што никој не ги чита додека не ги потпише, а, „после потпишуење нема каење“, стои она што идната невеста го признала: „Лазарова мислам дека подобро стои“!  По своја желба или туѓа волја – разоткрија пријателите.

Имено, на статусот на јутјуберот меѓу првите налетал неговиот пријател Мандар со кого по кратката пауза заради „извесни недоразбирања и усогласување на ставовите“ сега „одново се шајка“, па решил идниот младоженец „да го извади од гаќи“.

Така, шеговитиот пријател го споделил споменатиот статус на кој додал: „Вонредни вести! Лазаров ја натерал Марта ( _qmarr_ ) да си го смени презимето. Да се активираат сите невладини и Хелсиншкиот комитет под итно… И по телевизии вднаш другар!“ – асоцирајќи на тоа дека Лазаров извршил „предбрачно насилство“ врз својата идна брачна сопатничка. Се разбира терајќи шега со својот пријател или што би рекле по скопски: Решил на Лазаров јавно да му „удри дупачка“!

Но, итриот јутјубер не само што не се лути на шегите, туку имал доблест и на шегата да направи дополнителна шега на своја сметка, па сето тоа јавно го објавил на своите Инстаграм приказни и уште додал: „Среќа не е името“!

На Македонија „на сила“ и го сменија името, ама затоа на Лазаров  доброволно ќе му се „мултиплицира“ презимето, откако неговата идна животна сопатничка Марта јавно го израдува, дека по венчавката сепак ќе се презива… Лазарова!

Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv

 

Останати вести од Радио Милева