Радио Милева
позитивен е?

Кристијан Голубовиќ е заразен со корона? – „Со денови не се чувствувам добро, се плашам од најлошото“

Кристијан Голубовиќ е заразен со корона? – „Со денови не се чувствувам добро, се плашам од најлошото“

Некогашниот учесник во „Задруга“, Кристијан Голубовиќ тврди дека има здравствени проблеми и се сомнева дека е заразен со коронавирус.

Тој вели дека планира да оди на тестирање.

-Ќе бидам искрен, лошо сум, лежам веќе неколку дена, не ми е добро, се плашам да не се спушти на белите дробови. Јас не ги почитував мерките, па можеби и тоа е причината поради ситуацијата во која се наоѓам, вели тој.

-Со денови кашлам, немам сила, ме убива малаксаноста. Се плашам од најлошото, ќе мора да се тестирам да видам дали станува збор за корона, вели Кристијан.

Реалити учесникот се уште не објави дали се тестирал и кои се резултатите.

Тој за пинк.рс детално откри како се чувствува.

-Многу лошо се чувствувам. Првите симптоми ми се појавија пред 10 дена кога бев во една приватна клиника да се тестирам и резултатот беше негативен. Состојбата ми се влоши после една прослава. Синоќа, со Кристина правевме некоја паста, па почувствував гребење во белите дробови и отежнато дишање. Кога се разбудив, буквално како некој да ми ја влече главата по подот, како да е полна со стакло. Не се движев многу меѓу луѓе. Не знам точно за што се работи, сега  ќе побарам еден пријател кој е директор на клиника ако може да ме прими, да ме прегледа и да се тестирам, да види дали има потреба да лежим или не. Се надевам дека до вечер ќе знаам дијагнозата, вели Кристијан за пинк.рс

фото: принтскрин/ред/тв/принтскрин/задруга/А. Николиќ/пинк.рс

Останати вести од Радио Милева