Радио Милева
која не би да е како.., „Беби“

Кристина Поп е топ: Убавица на изглед со сексапил на „ѕверка“, пејачка со потенцијал за ѕвездена кариера (ФОТО+ВИДЕО)

Кристина Поп е топ: Убавица на изглед со сексапил на „ѕверка“, пејачка со потенцијал за ѕвездена кариера (ФОТО+ВИДЕО)

Атрактивна, згодна, сексапилна, привлечна, пожелна… Со природни бујни атрибути, ги мами погледите на сите оние кои ќе се најдат во нејзина близина, без оглед дали чекори на модните писти, дефилира на изборите за убавина или пее… Вака отприлика можеме да ја опишеме девојката чија најнова песна „Беби“  отпеана во дует со познатиот ТикТокер, Душан Пауновски, познат кај помладите како whoisdushan, наголемо се врти на радио, а видеото „хара“ по Јутјуб.

Кристина Поптрпева како што и е вистинското презиме на изглед е вистинска убавица. Висока, стројна, згодна со атрактивен изглед и манекенски пропорции. Некогашна членка на модното студио „Црнокрак“, топ модел, манекенка и мисица која учествувал на повеќе домашни и меѓународни избори.

Но убавицата исто така поседува сексапил на “ѕвер“. Долги нозе и коса, извајано обло га*е и бујни природни гради, атрибути кои никого не оставаат рамнодушен уште на прв поглед.

Речиси секоја од нејзините разголени фотографии на социјалните мрежи длабоко во мислите ќе му се вреже на секој вистински маж, гладен за мечти и „влажни сништа“.

Зашто кај нас ваква „секс бомба“ со  „атомски потенцијал“ ретко се гледа.

Она што пак, дополнително нема да ги одлепи од екранот, е „модниот еротски едиторијал“ на убавицата, направен во една скопска катна гаража, за рекламни цели на долна облека…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA POP (@kristinapoptrpeva)


Но дека само естетиката не и најсилна страна, туку само адут повеќе за сопствена и туѓа „СРЕЌА“, убавицата оддамна покажа, а сега истото уште еднаш го докажа. Имено маркантниот модел и мисица покрај телесниот раскош и опотенцијал го потврди и вокалниот, кој го започна како пејачка која ја замени Симона Попоска во настапите до ДЈ Ерик Фокс.

Потоа следуваа неколку кавери, па првата сопствена песна „Никад доста“ и тоа на српски јазик, веројатно заради желба за пробив во регионот, за конечно деновиве да го објави своето второ остварување, до душа во дует, „Беби“.

Модерна поп песна, со „лејујав слоу денс“ ритам и ар ен би и трап елементи, во стиот на она што е регионален и светски тренд на новата поп сцена.

Видеото исто толку современо, а во него Кристина Поп одново демонстрира дека е топ… „риба“!

Згодна, атрактивна, провокативна, разголена, секси… Некому „качува температура“, на некои им „набива комплекси“.

Погледнете го уште еднаш видеото и уживајте „за сите пари“… Иако гледањето е гратис:

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/kristinapoptrpeva/ДРД медиа

Видео: Јутјуб

Останати вести од Радио Милева