Радио Милева
ни силикони, ни млечни заби...

Кристина Арнаудова не се препозна самата себе си: „Зарем ова сум јас… па каде ми се градите“? (ФОТО)

Кристина Арнаудова не се препозна самата себе си: „Зарем ова сум јас… па каде ми се градите“? (ФОТО)

Кристина Арнаудова се изненади самата себе си од една стара фотографија која  ја споели една нејзина пријателка на социјалните мрежи, па пејачката ја превзема . На неа неготинчанката со скопска адреса на живеење изгледа помладо, со поинаква фризура и многу послаба  отколку што е денес. Рака на срце, не дека денес е дебела или стара, ама сепак…

На фотографијата таа е сликана некаде на плажа, заедно со тогашното момче, сега нејзиниот сопруг Александар, кој горе-долу изгледа исто како и денес. 

А Кристина, целата вчудовидена и во прашалници, како да не можеше да се препозна ниту самата себе си, па зачудено се запраша или поточно, (си) постави три прашања:

1.Како е можно да сум волку слаба?!
2. Какви се овие купаќи ( бикини)?!
3. Каде ми се  ци*ињата?!

На првото одговорот е логичен: „Се’ оди со годините“… Што се однесува до „купаќите“… Или таква била тогаш модата или… Впрочем, за вкусовите не се расправа. А, одговорот на она последното е вистинска мистерија. Загатка што тешко дека некој може да ја одгатне, а еве и зошто.

Штом ја видите фотографијата на која во пределот на градниот кош Арнаудова тогаш изгледа „рамна како даска“, прво што ќе помислите дека во меѓувреме ставила силикони! Не дека денес е цицлеста како некоја српска старлета,  ама сепак, далеку е „понапредна“ отколку тогаш!

Ано ама за да биде загатката уште помистична, придонесе Фејсбук преписката помеѓу пејачката и колешката од музичкиот еснаф, новинарката Бранка Костиќ Марковиќ, која и  ја „ископала“ фотографијата од заборав, па ја сподели со Арнаудова и јавноста.

Во преписката Кристина ја исклучува можноста од естатски зафат и категорички демантира дека ставила силикони, зашто како што самата вели, каков „уплав“ има од било какви операции, знаат и врапчињата. Интересено и чудно, дури и за таблоидите?!

Но, знаат ли врапчињата како тогаш и пораснаа „ци*ињата“ на тогаш „малечката“ пејачка во подем, во однос на она што денес гордо го носи на себе во пределот на градниот кош Арнаудова?

Можеби има некој таен рецепт, врзан за начинот на исхрана или за некои други „вежбовни активности“?  Одговорот го должи пејачката, зашто сепак, не се во прашање млечни заби да ти паднат, па да ти израснат нови, поздрави и поголеми!?

Фото: Фејсбук/Кристина Арнаудова

 

 

Останати вести од Радио Милева