Радио Милева убавица

Ќерката на Моника Белучи изгледа како милион долари, а ако продолжи вака ќе го надмине успехот на мајка си (фото)

Ќерката на Моника Белучи изгледа како милион долари, а ако продолжи вака ќе го надмине успехот на мајка си (фото)

Ќерката на Моника Белучи во последно време привлекува големо медиумско внимание. Младата Дева Касел неодоливо потсетува на својата мајка, а многумина и предвидуваат многу успешна кариера.

Дева работата ја врши многу професионално и покажува каква убавица е.

Неодамна се одржа ревија на брендот Долче и Габана  на која главна ѕвезда беше Дева Касел, додека Моника Белучи гордо ја следеше од првиот ред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolce&Gabbana (@dolcegabbana)

Каселова носеше бел, проѕирен фустан од тантела, под кој имаше црна долна облека и градник. Црните ракавици од тул дадоа посебна доза на гламур и грациозност.

„Убава“, „Прекрасна“, „Најдобрата досега, како нејзината мајка“ – имаше коментари под фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @devaccasel

Во изминатиот период имаше многу настани и модни ревии на кои во фокусот беа јавните личности. За многумина се коментираше дека не се на висина на задачата, и дека треба да заборават на пистата.

Младата Дева Касел со својот изглед и грациозна прошетка им даде домашна задача на многу манекенки и оние кои така се претставуваат.

Многумина ќе се сложат дека Дева Касел во ова издание потсетува на Моника, кога играше во филмот Малена. Романтично и секси. Мислењата се доста поделени.

Додека едни велат дека Дева неодоливо личи на мајка си, други се на мислење дека воопшто не личат на неа и дека не и е ни блиска. Како и да е, неспорно е дека Дева е вистинска божица. Би рекле дека го собрала само најдоброто од мама и тато.

Да потсетиме, Дева нема ни 18 години, а веќе постигна голем успех.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

To top