Радио Милева
лапсус ТВ

Ќе решава судски спор со… „медитација“: Кој „и го смести“ на новинарката на вестите на „ТВ 24“? (ВИДЕО)

Ќе решава судски спор со… „медитација“: Кој „и го смести“ на новинарката на вестите на „ТВ 24“? (ВИДЕО)

Алтернативата изгледа дека е во мода. Сме слушнале за алтернативна уметност, за алтернативна музичка сцена, алтернативна медицина… а деновиве на вестите на „ТВ24“ не потсети дека имало и алтернативно судство.

Или поточно алтернатитивен пристап во решавањето на судските спорови. Новинарката и водител на вестите на „ТВ 24“, Анита Додевска егзактно им објасни на гледачите како се решава судски спор со „медитација“!!!

Ако имаш судски спор, само ќе си седнеш со прекрстени нозе, се опушташ, кулираш, паѓаш у екстаза, физичкото и духовното ги доведуваш во хармонија и проблемот сам исчезнува. Или што би рекле додека си во „состојба во која не мислиш на ништо, како што ја нарекуваат медитацијата, спорот сам се решил!?

Кој не би сакал да е така, ама не е… А не е, зашто решавање на судски спор  со „МЕДИТАЦИЈА“ , како што тврди новинарката – не постои! Постои МЕДИЈАЦИЈА или посредување, ама тоа е нешто сосема друго!

А новинарката на вестите на „ТВ 24“ упорно, неколку пати во прилогот „медијацијата“ ја замени со „медитација“…

Грешки се случуваат, ама кај „24“-творка некако зачестија. Само да ве потесетиме на она, кога неодамна презентерката Сања Почивалец, најавената лидерска средба ја нарече „педе*ска“ средба на истите вести!?

Ниту тогаш ниту сега не дознавме дали се работи за личен „лапсус“ на презентерско-новинарската двојка или некој намерно „и го смести“ тогаш на презентерката, а сега на новинарката од вестите на „ТВ 24“?

Останати вести од Радио Милева