Радио Милева
наскро доаѓа...

Ќерката на Џеј чека дете: Марија со симболична забава го откри полот на бебето (видео)

Ќерката на Џеј чека дете: Марија со симболична забава го откри полот на бебето (видео)

Помладата ќерка на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, Марија, е во друга состојба.

Марија, која тргна по стапките на својот покоен татко и се занимава со музика, досега криеше информации за бременоста, а сега за прв пат проговори на оваа тема.

Таа сподели видео во кое го открива полот на бебето кое со нејзиниот сопруг со нетрпение го очекуваат.

Брачната двојка со заеднички сили прободе голем црн балон исполнет со розови конфети кои го симболизираат женскиот пол.

Не можеа да ја сокријат насмевката и задоволството на лицата, а по пукнувањето на балонот следеше долга и силна прегратка.

– Принцеза – напиша Рамадановски во описот и стави розово срце.

фото: Instagram printscreen/ marija_ramadanovski

Останати вести од Радио Милева