Славната манекенка Ирина Шајк сподели топлес фотографии и едноставно предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.
Минатото лето медиумите со денови пишуваа за папарацо фотографиите на Ирина Шајк на кои можеше да се забележи дека си поминува лудо и незаборавно со своите пријатели на Ибица, а тогаш истите привлекоа големо внимание поради ненадминливата убавина на манекенката.
Шајк која ја „гази“ 37-та година од животот тогаш позирала во бикини од брендот „Burberry“ кое чини 415 евра, а летово се потрудила повеќе да ја вжешти атмосферата на социјалните мрежи, па позирала без него.
View this post on Instagram
Славната убавица на својот Инстаграм профил овојпат објавила фотографии на кои позира само во долниот дел од бикинито и предизвикала лавина од коментари.
Топлес Ирина ги освоила социјалните мрежи и ги израдувала своите фанови, а на фотографиите таа позира на карпи и ја истакнува својата убавина со интересни, заводливи пози.
Таа со една рака ги покрила своите голи гради, а комплиментите под објавата се навистина многубројни.
фото:Инстаграм принтскрин/Ирина Шајк