Радио Милева
Чао, чао

Каролина го испрати летото со уште еден одмор на море, а од фото галеријата сите погледи вперени кон нејзиниот стомак (фото)

Каролина го испрати летото со уште еден одмор на море, а од фото галеријата сите погледи вперени кон нејзиниот стомак (фото)

Италија, Хрватска, Грција, Охрид, па повторно море, Каролина Гочева максимално го искористи летото за одмор.

Оттука, јасно е дека спомени има доста, а се’ тоа е документирано со фотографии кои ја наполнија глаерија од мобилните апарати.

Некои фотки останаа само за нивните очи, додека останатите Керол по своја пракса реши да ги собере во една објава каде покажа како и беше исполнет изминатиот месец сепрември, односно како го испрати летото.

Последнииот одмор на море за лето 2023-то беше резервиран само за неа и нејзиниот Михо, интимно и романтично во еден луксузен ресорт покрај море.

Каролина важи за една од најстилските дами на македонската естрада, па за неа во ниедна ситуација не смее комбинациите да бидат оставени на случајност.

Светлите бои и сафари стајлинзите беа изборот овој пат, а од една комбијација со џинс и бел топ, сите зумираа на нејзиниот рамен и затегнат стомак.

Иако не многу покажува дека е силно посветена на одржување на линијата, Каролина секогаш е во топ форма, а своите 43 години за неа едноставно се само број.

Тенка како манекенка, Гочева едноставно секаде и секогаш знае да покаже и докаже дека стилот е важен сегмент од нејзниот моден индивидуализам.

Фото: Инстаграм принтскрин/ Каролина Гочева/ Александар Котевски

Останати вести од Радио Милева