Радио Милева
бомбастично и потресно

Карлеуша со спектакуларен настап на МАЦ: „Решив да бидам хероина на својот живот, а не жртва во вашите очи“ (ВИДЕО)

Карлеуша со спектакуларен настап на МАЦ: „Решив да бидам хероина на својот живот, а не жртва во вашите очи“ (ВИДЕО)

„И еве ја. После се. Еве ја мајката на две деца. Сопруга. Ѕвезда. Нејзиното достоинство. Нејзиното име. Има убава кожа. Бледа е. Како да е овде веќе долго. Иако кога поубаво ќе погледам, нешто ми недостига овде. Не гледам крв. Не мириса на неа. На насилство без нож. Без пиштол. На зло. И тоа оноа, кое веќе не може да влијае на неа, па решила таа да влијае на тоа, како другите ја гледаат. Поради неа и сите нив, решив да бидам хероина на својот живот. А не жртва во вашите очи“ – со својот говор во пораката од  моќното видео Јелена Карлеуша го започна настапот на МАЦ наградите во Белград.

Очигледно директно обраќајќи им се на медиумите кои по секс скандалот и порно аферата со босанскиот фудбалер  буквално ја „распнаа“ и визуелно  „распната пред објективот“, српската „мала од скандала“ го започна својот спектакуларен  настап, од кој на многумина им застана здивот и им се смрзна крвта во жилите.

Погледнете како сето тоа изгледаше вчеравечер, вторник, 29 јануари 2019 год. во Штарк арената во Белград:

Останати вести од Радио Милева