Радио Милева
причина

Карлеуша откри зошто не сакала никого да бакне на полноќ (фото) 

Карлеуша откри зошто не сакала никого да бакне на полноќ (фото) 

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша на тамошните медиуми им откри со кого се  бакнала на полноќ и на што помислила најпрво.

-Не бакнав никого на полноќ, а немав ни желба, бев без здив и испотена. Мислев на Стоја, како оди нејзината песна која ја ставив на репертоар. Во Будва беше многу убаво – истакнала таа.

Имено, Јелена настапи во Будва, а самата истакна дека се плашела што ќе најде во куќата, бидејќи Атина и Ника правеле забава.

– Најдов хаос во мојата куќа откако се вратив бидејќи моето семејство имаше забава со сите животни – рекла таа.

Јелена потоа открила и  дали планира да се одмори од настапите.

– Не, само што почнав. После 11 години издадов албум, па допрва следи пеколното темпо и со нетрпение го очекувам тоа. Ја имаме оваа турнеја и концерти, и навистина сум среќна поради тоа. Јас сум вистинската јас на сцената, работам од својата 16-та година, па не ни знам ништо друго – додала таа.

Како што истакнала, репризите во Белград се најсилни.

– Ова е првпат да се прави реприза во хотел, тоа нормално не се случува затоа што луѓето не сакаат да плаќаат за реприза – истакна таа.

Јелена открила и дали Душко го коментирал нејзината бел аутфит од синоќа:

– Душко одамна не коментира за мене.

 

Фото: Printskrin/Instgaram/karleusastar

Останати вести од Радио Милева