Радио Милева

„Какви ѓубриња сме ние луѓето“: Она што во доцните часови му се случи на Коки Јанков ќе ве натера да се замислите!

„Какви ѓубриња сме ние луѓето“: Она што во доцните часови му се случи на Коки Јанков ќе ве натера да се замислите!
фото:фејсбук/кокијанков

“Малите” луѓе имаат големи срца и голема душа, гласи коментарот на еден од следбениците на македонскиот музичар Коки Јанков за статусот што тој сподели на својот Фејсбук профил.

Имено, токму оваа објава и коментар ќе ве поздамислат за трката во која секојдневно живееме, негативната енергија, избрзаното лошо однесување и непочитување на другиот… Една секојдневна случка  која Коки ја раскажа, навидум сосема обична, а му се случила на една скопска улица, има поента која на стотици им се допадна и ги натера да се подзамислат.

фото:фејсбук/кокијанков

Сите добро знаеме дека малите нешта и добрината во себе, може да направат да се чувствуваме подобро и исполнето, а за тоа треба многу малку.

Ова е неговиот статус:

На една не толку широка улица, навечер, пред мене во спротивен правец налетувам на камион за собирање ѓубре. Пуштено беше жолтото ротационот и застанав и си чекам. Луѓето ги тресеа контејнерите  во камионот, а позади мене веќе застанаа во ред повеќе коли. Чудно, никој не свирна нит трепна за тие 5-6 минути (многу е и тоа). Одеднаш се појави возачот на камионот(бил позади) и пред да се качи во кабината ја крена раката како за полу поздрав, во рикверц и свирна, како да сакаше да се извини, а немаше потреба од тоа. По него и луѓето што ги тресеа контејнерите, се закачија на рачките од камионот, не поздравија и си отидоа како да брзаат по некоја нова нарачка…Насмеани сите. Свирнав и јас, ги поздравив. Беше касно навечер. Какви ѓубриња сме ние луѓето. Кој нас да се собере (таква мисла ми дојде, не знам зошто). Си викам џабе се, кога не знаеме ни да се насмееме како нив. Од таа вечер, секогаш кога ќе се разминам со таков камион, ќе им свирнам, ќе им дигнам рака за поздрав. Пробајте, поздравете ги некогаш, некоја вечер, па ќе видите што ќе се случи -раскажа Коки.

Едноставно, доволна е само малку воља за да тргнеме кон промена, и најважно, најпрво од себе.

Останати вести од Радио Милева