Радио Милева
Само официјално

Каков шамар: Испливаа детали за непријатната средба меѓу Хари и Меган со кралицата Елизабета

Каков шамар: Испливаа детали за непријатната средба меѓу Хари и Меган со кралицата Елизабета

Принцот Хари и Меган Маркл се во комплицирани односи со кралицата, иако цел свет зборуваше за помирување во британскиот двор, кога се појавија и на прославата на платинестиот јубилеј на вледеењетона кралицата.

Како што пишуваат светските медиуми, кога дошле да го прослават јубилејот, Хари и Меган добиле само 15 минути официјална средба со кралицата. Од Бакингемската палата не сакаа да коментираат дали и што разговарала со внукот, а Меган и Хари молчат за нивното доаѓање во Британија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Кралицата очигледно се уште е лута поради скандалот што го предизвика интервјуто со Опра Винфри, а сега се шпекулира и за мемоарите кои Хари посветено ги пишува, а кои според кралскиот биограф и новинар Данкан Ланком би можеле да доведат до конечна разделба во семејството.

– Ако нешто протече во јавноста од викендот, убеден сум дека целосно ќе се откажат од нив и нема да има враќање. Тие дојдоа во Велика Британија да го прослават јубилејот и повторно се претставија како членови на кралското семејство. И самите се свесни дека тоа е добро за нивниот бренд, но и дека би било одлично за Spotify, Netflix или Penguin, со кои имаат потпишано договори – изјави Данкан за „Closer“.

Поради комплицираниот однос со кралицата, кој моментално го имаат Меган и Хари, и средбата на кралицата со нејзината правнука Лилибет Дајана беше многу официјална:

– Тоа беше брзо завршена работа. Сè беше прилично официјално – изјави извор за The Sun.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)

Кралицата исто така го забрани присуството на фотографи кои ќе ја придружуваат првата средба со Лилибет, а поради тоа добредојде Хари и Меган побрзаа да се вратат во нивниот дом во Лос Анџелес.

фото:Guliver/Getty Images/Instagram

Останати вести од Радио Милева