Радио Милева

Кајли Џенер наводно е фалсификаторка и може да заврши во затвор!

Кајли Џенер наводно е фалсификаторка и може да заврши во затвор!
фото: кајли џенер/инстаграм

Најмладата од кланот Кардашијан-Џенер, како што шпекулираат странските медиуми може да заврши во затвор зарави фалсификување на даночни пријави.

Списанието Форбс кое што во 2018-та и во 2019-та ја прогласи за најмлада милијардерка во светот, сега тврди дека 23-годишната ријалити ѕвезда всушност не е толку богата.

„Таа лажеше за податоците на компанијата и фалсификуваните даночни пријави“, наведува „Форбс“, со цел „да се достигне статус на милијардер“.

Овие шокантни тврдења беа објавени после една година и еден месец откако „Форбс“ ја постави Кајли на својата насловна страница и ја нарече „најмладиот милијардер досега, две години по ред“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ? (@kyliejenner) on

„Кајли беше навистина милијардерка, барем пред коронавирусот“, наведува „Форбс“.

Врз основа на даночните пријави на гигантот за убавина „Коти“, кој во јануари се стекна со 51 процентен удел во компанијата на Кајли со договор вреден 1,2 милијарди долари, козметичката компанија „Кајли козметикс“ генерирала приходи и профити што биле пониски од бројките објавени од страна на кланот Џенер-Кардашијан.

Во изјава на Твитер, Кајли се обиде да го возврати ударот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ? (@kyliejenner) on

Таа напиша: „Мислев дека ова е реномирано списание. Сè што можам да видам се многу неточни изјави и непоткрепени претпоставки.“

Останати вести од Радио Милева