Радио Милева
дозволува

Јована Јеремиќ се налути за нападите бидејќи ја шминка 5-годишната ќерка: „Моето дете се занимава со манекенство!“ (фото)

Јована Јеремиќ се налути за нападите бидејќи ја шминка 5-годишната ќерка: „Моето дете се занимава со манекенство!“ (фото)

Јована Јеремиќ се најде на мета на критики откако објави видео од нејзината ќерка Леа како оди во градинка нашминкана и  со комплет за шминка.

Иако водителката откри дека направила компромис со наследничката за да оди во градинка, на многумина не им се допадна начинот на кој го постигнала тоа.

Поради ова таа беше осудена и критикувана на социјалните мрежи, поради што реагираше и Јована. Водителката за Телеграф.рс откри дека козметиката што ја користи нејзината ќерка е детска и дека ќе продолжи да се шминка бидејќи девојчето се занимава со манекенство.

– Нејзината шминка  ќе и ја дозволувам и во иднина, бидејќи моето дете многу се занимава со манекенство и е заштитно лице на многу брендови. Шминката е детска и се е детска линија, за деца. Негувателките да си го гледаат животот и да си го организираат животот и да си ги воспитуваат децата како што сакаат, но сигурно е дека мојата ќерка нема да ја воспитаат тие, туку јас. За разлика од нив, ќерка ми е воспитана да сака, а не да мрази и коментира други кои се подобри од неа. Таа е воспитана да работи уште од мала, а оваа шминка е само почеток. Ја очекуваат големи детски проекти на кои ќе бидете сведоци во 2024 година – изјави водителката.

Фото: Принтскрин/Instagram/jeremicjovana

Останати вести од Радио Милева