Радио Милева
Искрена

Јелена Карлеуша најпосле проговори по драмата со Душко Тошиќ

Јелена Карлеуша најпосле проговори по драмата со Душко Тошиќ

Душко и Јелена од 1 јануари ги полнат насловните страници во медиумите.

Најпрвин поп-дивата направи спектакл за дочекот на Новата година пред Собранието, а потоа неколку дена подоцна на Божиќ следеше драма во семејниот дом.

Јелена го пријавила Душко за насилство, па судот му забранил триесет дена да се приближува. Два месеци подоцна се чини дека се спушти прашината, но не и љубопитноста на јавноста која не престанува да се прашува што се случува во нивниот брак и во каква врска се сепак Душко и Јелена.

По одличниот настап на Копаоник на фестивалот „Недела на музика“, повеќе од расположена, Јелена реши првпат да одговори на прашањето за нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic)

На новинарско прашање каков е нејзиниот сегашен однос со сопругот Душко Тошиќ, ЈК имаше подготвен одговор.

– Со Душко секогаш се беше во ред. Дали нешто не беше во ред со него? Мислам, отсекогаш сум го тврдела тоа, но сега имам потврда – кратко изјавила таа.

Останати вести од Радио Милева