Радио Милева
ја испочитуваа традицијата

Јавно – музички, естрадни и ТВ ѕвезди, по дома – жени домаќинки: Овие познати Македонки вапцаа јајца рано наутро за Велики Четврток (ФОТО)

Јавно – музички, естрадни и ТВ ѕвезди, по дома – жени домаќинки: Овие познати Македонки вапцаа јајца рано наутро за Велики Четврток (ФОТО)

Велики Четврток или Величетврток како што  се вика меѓу народот е прvиот ден од почетокот на празнувањето на Велигденските празници, а главен обичај што се изведува со посебно внимание на овој ден е вапцувањето на велигденските јајца. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се расипат.

Вака велат обичаите и традицијата, а истите постојат  како дел од верата, духовното и културно наследство на еден народ, конечно дел од неговото битие и идентитет. Затоа нив ги почитуваат сите верници… Од обичните луѓе до познатите личности… Та биле тие ТВ, музички, естрадни… ѕвезди во јавниот живот, но по дома се жени – домажинки.

Токму затоа овие познати Македонки, како што налага традицијата и обичајот,  вапцаа јајца уште рано наутро за Велики Четврток.

На дамите не им се бројата годините , особено не на оние – познатитем но сепак ќе започнеме со „најискусните“… во домаќинлукот, секако!

– Македонската по дива Калиопи Букле е несомнено една под нив. Нашата „Најмила“, знае колку е важно да се испочитува традицијата, па затоа и годинава не омана и пропупшти да го направи она што на Велики четврток се прави. Иако вообичаено е на овој ден да се бојадисуваат само три јајца и тоа во црвена боја, вредната Опи вапала полна чинија јајца и оа во неколку бои… Епа, нека е за многу години, како пто порачала самата Калиопи!

– Најдолговечната македонска ТВ водителка Лила Филиповска оддамна покажала дека не е ништо помалку добра домаќинка! Знае како со банкарот и натпреварувачите во „Се’ или нешто“, ама знае и како се почитуваат обичаите, па уште рано наутро пред собцето да изгрее, ги засукала ракавите и вапцала три црвени јајца. за неа, синот филип и за Рагнар… мачорот!? Важно е да се испочитува традицијата!

– Уште една позната македонска ТВ водителка живее во духот на верата, обичаите и традицијата. Милена Антовска како тазе мајка по втор пат, истите ги испочитува, па и таа станала рано за да ги вапца јајцата.  Првото го споделила меѓу велигденските украси кои допрва треба да ја разубават велигденската трпеза.

Единстевно остана нејасно дали до крај го испочитувала обичајот по вапцувањето на јајцата,  рано пред изгрејсонце, домаќинката да го земе првото јајце и на децата, уште додека се в постела, да им мине три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се крупни како јајцето, но и црвени во образите, што е знак за здравје и напредок. Но, како и да е… Нека е за многу години!

-На уште една македонска ТВ водителка празничното станување рано не и падна тешко, зашто Снеже Велков тоа ионака го прави секојдневно, за да вози велосипед по скопските улици и патеки. Пилатес инструкторката и ТВ водителка оддамна покажала дека колку што е добра зад камерата, толку ја бива и во кујната, па затоа не изненади со тоа што и таа ја испочитувала традицијата и направила „нешто конкретно“ – вапцање на првите велигденски црвени јајца… За Велики Четврток!

– Пејачката Елена Петреска по потекло е од Прилеп, град во кој многу се почитуваат и религијата и обичаите и традицијата… без оглед на тоа што оддамна прилепската ја заменила со скопска адреса на живеење, она што е во гените не го заборавила, па и таа како мајка и сопруга, но прд се као жена-домаќинка уште рано пред зори, за велики Четврток си ја завршила работата. Трите црвено-вапцани јајца пред иконата и времето на нивното бојадисување… 04:43 рано посабајле, пред изгрејсонце!

Секако, ова не се единствените ТВ или музичко-естрадни дами кои за Велики Четврток ја почитуваат велигденската традиција на вапцање на првите црвени велигденски јајца… нрекои други пак можеби н јајца не вапцаа, ама се сетија да го одбележат денот.

Како мисицата и пејачка, тетовката Кристина Димитриевска на пример,  која споделила потсетник дека денес е Велики Четврток…

Или топ моделот, гевгеличанката Александра Накова, која јајца не вапцала, барем јавно не покажа, но затоа својот бутик за женска гардероба во Гевгелија го накитила со украси во вид на велигденски јајца наредени на велигденското дрвце.

Како и да е, нека е за многу години Велики Четврток!

Фото: Инстаграм принсткрин

 

Останати вести од Радио Милева