Радио Милева
бесценето

Избраничката на Роналдо го доби најубавиот подарок со кој не можеше да не се пофали (фото)

Избраничката на Роналдо го доби најубавиот подарок со кој не можеше да не се пофали (фото)

Долгогодишната партнерка на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, живее на високо ниво и често се фали на социјалните мрежи со подароците што ги добива или со скап шопинг. Една од најпознатите партнерки на фудбалери ужива во луксуз и не се срами тоа да го покаже на сите, поради што често е мета на критики.

За неа често се слушаат негативни коментари бидејќи Роналдо и плаќа над 100.000 евра месечно, кои таа ги троши по сопствена дискреција, но често се заборава и дека Џорџина води неколку успешни бизниси, а исто така е и претприемач. Како и да е, нема сомнеж дека нивниот однос е хармоничен и полн со љубов, во кој добија пет деца.

Денес, таа покажа посебен подарок, кој сигурно и вреди повеќе од која било чанта или автомобил што некогаш го добила, бидејќи овој знак на внимание е навистина бесценет.

Џорџина објави плакета која сигурно не чини ништо во споредба со сите работи што ги има во нејзиниот плакар, кутија за накит или гаража. Плочата е доволно мала за да ја собере во нејзината рака, но на неа е испишан најголемиот комплимент што една жена може да го добие: „Најдобра мама“.

Не се сомневаме дека беше воодушевена што го доби овој прекрасен знак на внимание од нејзините деца и дека овој подарок ќе го цени засекогаш, особено што истакна дека ова е најдобриот подарок што го добила во нејзиниот живот.

Да потсетиме дека Џорџина и Кристијано станаа родители за првпат заедно кога парот најми сурогат мајка, а во јуни 2017 година во нивниот живот влегоа близнаците Ева Марија и Матео. Потоа, во ноември 2017 година, Џорџина ја роди ќерката Алана Мартина, а на 18 април 2022 година ги роди близнаците Ангел и Бела Есмералда. За жал, Ангел почина набрзо по породувањето, што беше голем удар за ова семејство. Роналдо има и син од претходната врска, а фудбалерот го вклучува во сите активности на ова големо семејство.

фото: Инстаграм/Guliver Getty Images

Останати вести од Радио Милева