Радио Милева
љубител на гламурот

Ива Штрљиќ откри кој е нејзиниот заштитен знак: „Таа боја ми дава посебна сила“ (фото)

Ива Штрљиќ откри кој е нејзиниот заштитен знак: „Таа боја ми дава посебна сила“ (фото)

Актерката Ива Штрљиќ вели дека сака да се шминка и да ги истакнува усните, особено со боја која се смета за сензуална.

– Слободно можам да кажам дека заштитен знак ми е црвениот кармин. Обожавам кога носам црвен дезен, бидејќи тоа е боја на некоја посебна сила, некоја моќ во нас. Мислам дека секој може да се појави во нешто црвено и убаво му стои, а таа црвена боја одговара на мојот темперамент – вели Ива Штрљиќ и додава дека е голем љубител на гламурот.

– Го сакам гламурот. Кога би можела да бирам, би одела и во теретана во светки. Сакам да се облекувам со страст. Не ми е проблем да се дотерувам кога одам во продавница или кога одам опуштено  на кафе – вели актерката која признава дека сака да ги фали колегите.

– Јас сум тип на човек кој секогаш сака да фали кога во некого ќе видам нешто убаво. Верувам дека најубавиот дел од класичноста е нашето однесување, токму во тоа што учтиво и убаво им се обраќаме на сите околу нас – заклучува Ива Штрљиќ за „Блиц“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева