Радио Милева
смисол за хумор или „дијагноза“?

Ирена Спасовска сакаше да се пофали, па со „несолена шега“ ги распамети своите пријатели!

Ирена Спасовска сакаше да се пофали, па со „несолена шега“ ги распамети своите пријатели!

Фолк пејачката Ирена Спасовска сакајќи да се пофали, со „несолена шега“ ги распамети пријателите и сите што ја познаваат.

Имено во време кога Омикрон сојот на коронавирусот го достигнува својот пик уривајќи рекорди по заразеност и смртност во Македонија, пејачката сакала да ја употреби реториката која се користи кога е заразата во прашање, за да си го изрекламира карактерот, поточно личноста… И тоа онака, како што таа самата себеси се доживува, па со истиот фонд на зборови се обидела да се пофали, арно ама… Работата за малку ќе излезеше од играчка – плачка.

Имено, русокосата  фолкерка на  ѕидот на својот Фејсбук профил со емотикони на итност и предупредување, споделила соопштение кое едни ги загрижи и распамети, други пак ги збуни, трети ги насмеа… Но, сите помалку  ги зачуди, зашто шегата со тие зборови, колку и да случајна и непромислена, во овие  несреќни времиња се граничи со „црн хумор“!

„ИТНО ….ИТНООО ‼️

Секој кој бил во контакт со мене во последните 10 дена, треба се тестира задолжително…Имам симптоми неколку дена и тоа е веќе потврдено…

Многу ми е жал.
Дијагноза: неодолив шарм, насмеанa, забавна, дружељубива, културна, малку зафркната,  а се тоа е многу заразно…  Ви благодарам на вниманието!“ – напишала пејачката во „шеговитата објава“, која секој различно ја протолкува.


Ако е колу за шега – нека е, но, мора да се внимава во секоја шега да не се „забега“.  До душа, смеењето е здраво и заразно, но само доколку некој не го протолкува за… „безобразно“!  Како во случајов, кога „несолената шега“ на Ирена некому му предизвикала нервоза, па нејзиниот смисол за хумор го протолкувал како… „дијагноза“!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/Irena Spasovska

Останати вести од Радио Милева