Радио Милева

Иако се најавуваше голема венчавка, Џенифер Лопез и Алекс Родригез ги сменија плановите

Иако се најавуваше голема венчавка, Џенифер Лопез и Алекс Родригез ги сменија плановите

Иако се најавуваше голема венчавка, Џенифер Лопез и Алекс Родригез ги сменија плановите за големиот ден

Се најавуваше големата венчавка на Џенифер Лопез и Алекс Родригез, но тие ги сменија плановите и решија да направат прослава само за најблиските пријатели. Извор за магазинот „Пипл“ открива дека двојката не сака да претерува, туку интимната церемонија ќе биде за најблиските личности во нивниот живот, семејствата и децата.

-Нема да има голема венчавка, само семејна интимна церемонија. Ќе бидат присутни нивните четири деца и кога ќе дојде тој ден, тие сигурно ќе имаат голема улога во целата церемонија, вели изворот близок до познатиот пар.

Џенифер и Алекс се свршија минатиот март оваа година по две години врска, а двајцата имаат по две деца од поранешните бракови. Потсетуваме, според првобитните информации, Џенифер и Алекс сакале да организираат луксузна венчавка во Холивуд.

Извор за магазинот „Life &Style“ објасни дека пејачката и поранешниот спортист сакаат да ги надминат и Канје Вест и Ким Кардашијан кои во 2014 година потрошија повеќе од 12 милиони долари на својата венчавка!

фото:гуливер/гети

Останати вести од Радио Милева