Радио Милева
интимен јубилеј

Фановите и приредија изненадување на Цеца Ражнатовиќ: За 50 – тиот роденден, позади вилата ја чекаше бел тепих, но и скап подарок (фото)

Фановите и приредија изненадување на Цеца Ражнатовиќ: За 50 – тиот роденден, позади вилата ја чекаше бел тепих, но и скап подарок (фото)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ го прослави својот 50-ти роденден, а честитките пристигнуваа на нејзината адреса во текот на целиот ден.

Како што вели, секоја година нејзините обожаватели се трудат овој ден да го завршат со емотивни изненадувања, а овој пат  Цеца нејзините фанови и приредија и големо изненадување за овој посебен ден.

Имено таа излезе надвор од својата вила заедно со внукот Жељко, па ја дочека изненадување кое ќе го памети уште долго време.

За неа имаше постелено бел свилен тепих како и балони и цвеќиња на сите страни.

Од глетката таа беше воодушевена, па ги прегрна фановите и се фотографираше со нив.

Тие запалија и бакли во чест на јубилејниот роденден на Цеца, а и подарија скапоцен накит кој сигурно ќе го носи на некој настан.

Инаку таа требаше да направи голема забава за својот 50-ти роденден, но поради загубата на бебето на нејзината ќерка Анастасија таа одлучи да направи семејна прослава во кругот на најблиските членови на семејството.

Фото: Принтскрин/Рингиер

Останати вести од Радио Милева