Радио Милева
проверена варијанта

Еве која ќе ја замени бремената Сања Кужет во „Ѕвездите на Гранд“: Пејачката по втор пат како водителка (ФОТО)

Еве која ќе ја замени бремената Сања Кужет во „Ѕвездите на Гранд“: Пејачката по втор пат како водителка (ФОТО)

Поранешната пејачка и водителка Ана Севиќ, како што пренесуваат медиумите, ќе ја замени Сања Кужет како водителка во „Ѕвездите на Гранд“. Пејачката на таа сцена повторно се враќа откако се натпреваруваше во музичкото талент шоу , но овој пат наводно како водителка.

Инаку, Ана и нејзиниот колега Милан Митровиќ пред неколку години водеа сличен формат за деца „Неки нови клинци“. Долго време се размислуваше кој би можел да ја замени Сања Кужет и во оптек беа неколку дами. Сепак, одлуката падна на Ана Севиќ.

„Таа се покажа како добар избор, а вниманието на јавноста го привлекува и нејзиниот приватен живот, па Ана е секогаш присутна во медиумите“ – вели медиумски извор. Да потсетиме, Ана Севиќ во 2010 година се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа нејзиниот живот доби сосема поинаков правец.

Таа со години беше во брак со Дарко Лазиќе со кој ја има ќерката Лорена и тогаш му се посвети на приватниот живот. Одвреме-навреме снимаше по некоја песна, а потоа во меѓувреме се разведе од Лазиќ и се омажи за Даниел Недељковиќ, со кој ги има ќерката Сена и синот Симеон.

Фото: Instagram/anasevicofficial/sanja_kuzet

 

Останати вести од Радио Милева