Радио Милева
си ја отвори душата

Ева Лонгорија откри каква навистина е Викторија Бекам

Ева Лонгорија откри каква навистина е Викторија Бекам

Ева Лонгорија е долгогодишна пријателка на познатата модна дизајнерка Викторија Бекам, а неодамна откри каква е Викторија приватно.

За нивното пријателство таа зборуваше во интервју за магазинот The Times.

„Посакувам луѓето да знаат колку Викторија е смешна, шармантна и паметна. Мислам дека таа е нормално интровертна, но не е со мене. Ние сме неразделни“, рече Лонгорија.

Тие се запознале преку поранешниот сопруг на Ева, францускиот кошаркар Тони Паркер, кој бил добар пријател со сопругот на Викторија, Дејвид Бекам.

Имено, паровите интензивно се дружеа додека Бекамови живееја во Лос Анџелес, а пријателството на познатите дами опстана и по разделбата на Ева од Паркер во 2013 година.

„Таа е многу лојална. Нема момент кога не можам да ѝ се јавам ако ми треба нешто. Честопати заедно спиеме, најчесто во викендицата на Викторија. Можеме да разговараме цела ноќ”, откри таа.

фото: Eva Longoria/Instagram

Останати вести од Радио Милева