Радио Милева
ја испрати 2020

Eлена Стефановска за лекциите кои ги научила во 2020та година: „Да го живееме моментот“

Eлена Стефановска за лекциите кои ги научила во 2020та година: „Да го живееме моментот“
фото: инстаграм/елена стефановска

Наближува крајот на 2020та, година која го одбележа светот, година на коронавирусот кој демнее низ цел свет, па не бира млади, стари, познати, непознати, туку напротив, бројките на заразени, но и на починати растат, а сите се прашуваме – аман,  кога ова ќе заврши, па сите а се вратиме во нормала?

И додека ние се прашуваме, времето си поминува, си заминува 2020та, доаѓа 2021, а се чини дека оваа година сите ќе имаме иста желба за следната – да заврши короната и сите да сме живи и здрави.

Естрадните уметници овој 31 декември наместо на плоштад, дискотека, хотел, ресторан, сплав, 2021 прва ќе ја дочекаат без голема помпа и прослави.

Овие денови тие ги покажаа своите домови во новогодишно руво, ги сумираа впечатоците од 2020, ги открија желбите за следната.

Меѓу нив и водителката на „Живот со стил“, Елена Сефановска која на својот Инстаграм низ неколку фотографии и објави откри кои лекции ги научила во изминатата година.

-Годината која полека изминува во најмала рака сите не стави пред огромен предизвик. Првото прашање кај сите нас беше: “Како си?” Ова прашање стана како најважно прашање. Покажавме дека повеќе од било кога се грижиме за своето, и здравјето на другите. Повеќе од било кога сите овие изминати месеци ги толкуваме и анализираме сите работи кои ни случуваат наоколу и од секое искуство извлекуваме лекции. Една од најголемите лекции која ја научивме е дека здравјето е единствено важно. Без се’ можеме – без здравје не можеме. Затоа сакам последните денови свечено да ја испратам 2020 со следнива порака: “Да го живееме моментот” и “Никогаш да не се повтори”, пишува покрај една фотографија.

фото: александар вржалски/ вржалски

-Во годината која изминува научивме многу лекции. Најважно е: “Само да сме живи и здрави”

фото: александар вржалски/ вржалски

.

-2020 ме научи на благодарност. Среќата, успехот и парите не вредат многу ако немаме со кој да ги поделиме .

фото: александар вржалски/ вржалски

-Да го живееме моментот. Оваа прилика наздравувам за десеттата сезона на мојата авторска емисија “Живот со стил” Оваа 2020 имав многу планови заеднички да го прославиме мојот јубилеј во медиумскиот простор. Ама, во следна прилика.. само да сме живи и здрави. Ви благодарам прекрасни луѓе што ме инспирирате, поддржувате и искрено ме критикувате.

фото: александар вржалски/ вржалски

Водителката откри која е и нејзината желба за 2021 година:

-Мојата најголема желба во Новата 2021 година е да биде “ОЗДРАВЕНА”, СРЕЌНА и БЕРИКЕТНА.
2020, многу учевме и научивме од тебе и затоа сакам уште отсега, во овој момент, да те испратам вака, НОВОГОДИШНО.

фото: александар вржалски/ вржалски

Стефановска наздрави и за љубовта.

фото: александар вржалски/ вржалски

Да се надеваме дека 2021 година ќе биде многу подобра од оваа и дека кончено ќе заврши короната, а дотогаш чувајте го вашето здравје.

Останати вести од Радио Милева