Радио Милева
Елката накитена, водителката раскопчана...

Елена Стефановска покажа како си ја „подига“ самодовербата (фото) 

Елена Стефановска покажа како си ја „подига“ самодовербата (фото) 

ТВ Водителката Елена Стефановска  откако се омажи се почесто го покажува нејзиниот дом, а во месец декември објави и видео како ја украсува домашната новогодишна атмосвера. Но, сега кога дојде крајот на празничната магијата таа побара утеха кај нејзините следбеници, па ги праша дали уште некој со елка ќе го чека и Водици како што планира таа.

Но,  веднаш си најде утеха добивајќи потврда од нејзините фанови. Па им се заблагодари: „ Добро е! Не сум сама! Фала на утехата и вака да ни е секој ден“.

Таа ја искористи Божиќната атмосвера и женствено позираше во најмеките, најудобни наметки менувајќи ги една по една во различни бои.

А, потоа следуваше и  една провокативна фотографија од истиот бренд каде малку повеќе откри и го покажа рајот на женственоста, откако самоуверено објави фотографија во долна облека додека во објавата напиша:

„На една жена ништо подобро не може да ѝ стои од самодоверба. Тоа е најдобрата облека што жената може да ја носи“.

И веројатно водителката има право… Но, засега самодовербата и оди само до раскопчано палто и панталони, секси градник и гаќички… Белким следниот пат Елена ќе ја видиме уште „посамоуверена“… Можеби и до гола кожа?!  Впрочем, гаќичките и градникот… веќе се на подот!

Фото: Принтскрин Инстаграм/elena_zivotsostil

Останати вести од Радио Милева